НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Русија тврди дека се предале уште 694 украински борци од Азовстал

0
By Соња Крамарска on May 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: gettotext.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија тврди дека 694 украински борци се предале во Азовстал во последните 24 часа. Со оваа најнова бројка се тврди дека од понеделникот од фабриката за челик Азовстал се предале вкупно 959 борци. Русија вели дека вкупно 80 од оние што се предале биле ранети, од кои 51 се пренесени во болница.

Дополнително, Русите тврдат дека во текот на ноќта убиле 270 украински борци и „54 единици воена опрема биле онеспособени“. Тие тврдат и дека собориле два авиони и 15 дронови.

Тврдењата не се потврдени од независни институции.

Руското Министерство за одбрана исто така објави соопштение на Телеграм во кое се вели дека им е побарано од истражниот комитет на Русија да обезбеди информации за „незаконските дејствија на украинските вооружени формации поврзани со употреба на цивилни објекти за воени цели“.

Министерството тврди дека „Азовскиот баталјон ги користел зградите на градинките и училиштата како касарни и дека членовите на баталјонот ‘Аидар’ поставуваат и позиции за гаѓање на места кои не се наменети за ова, доведувајќи го во опасност цивилното население“.

Руското Министерство за одбрана, исто така, тврди дека во регионот Днепропетровск, украинските сили организирале воени операции во болниците и дека „персоналот и пациентите во медицинските установи ги држат како жив штит“. Во соопштението се заклучува „Како дел од кривичните случаи кои се под истрага, истражниот комитет ќе ги евидентира овие информации и ќе продолжи да ги утврдува сите околности на инцидентот, како и украинските безбедносни сили вклучени во тоа“.

Истовремено и Канцеларијата на главниот обвинител на Украина, предводена од Ирина Венедиктова, соопшти дека од почетокот на војната се регистрирани наводи за повеќе од 10.700 злосторства на руските сили.

Азовстал Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.