Кубанскиот перкусионист Оскар Салас почина на 60 годишна возраст во САД. Оскар Салас последните години од животот ги кина во Македонија ескпериметирајќи со комбинации на специфичностите на кубанскиот и македонскиот ритам.
Оскар Салас и е позната и на светската музичка сцена од неговите настапи со Дејвид Брн, Џеко Пасториус, Артур Сандовала и други врвни светски музичари.
Оскар Салас во Скопје дојде по покана на гитаристот Тони Китановски во 2011 година.
Не познавав никого сем Тони, Скопје од непознати причини ме подести на мојата родна Хавана која ја немам видено од мојата девета година. Љубезноста и топлината на луѓето во Македонија ми овозможија преслбата да биде лагодна” изјави Салас во една прилика.
Салас е роден на Кува во 1953 година а во 1962 неговото семејство емигрира во САД. Како извонредно талентиран тапанар добива ангажман уште на свои 17 гфодини во еден бенд кој настапува во познатиот хотел во Лас вегас, Цезар Палас.
Во Скопје соработуваше со повеќе музичари а издаде и свој албум “Недовршена работа” во продукција на Скопје Џез фестивал. Последнава година Салас работеше на својот проект “Моето кубанско срце” кој ги комбинира кубанските и македонски ритмови.
Во Скопје неодамна дозна дека страда од тешка болест по што замина во САД каде што веднаш по пристигањето почина.
„