Грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиј, попознат како Вангелис, почина во 79-тата година од животот, јави новинската агенција од Атина.
Тој е најпознат по оскаровскатаа награда за музика за филмот „Огнени кочии“, а компонираше многу препознатливи филмски мелодии за познати остварувања, како „Истребувач“ ( Blade Runner) и „Александар“.
Професионалната музичка кариера ја започна во 60-тите години на минатиот век, соработувајќи со неколку познати рок бендови како The Forminx, Aphrodite’s Child, со Демис Русос и Лукас Сидерас.
За време на кариерата напиша и компонираше околу 60 албуми, а музичките критичари го сметаат за еден од најголемите композитори на електронска музика на сите времиња.