Американскиот Сенат одобри речиси 40 милијарди долари помош за Украина, како одговор за руската агресија, пренесува агенцијата „Укринформ“, но наведува дека документот мора да го потпише претседателот Џо Бајден за да стапи на сила.
Сенатот гласаше со 86 гласа „за“ и 11 „против“ за пакетот на воена, економска и хуманитарна помош, а сите 11 гласови „против“ беа од Републиканската партија.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го предложи законот на 10 мај.
„Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак се заблагодари за помошта, со оценка дека, самоуверено и стратешки, „одат кон победа“, пренесува Радио Слободна Европа.