Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се состана со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија како подготвуваат ќебапи заедно со Мишел по денешните официјални состаноци.
„Ќебапите ги подготвувавме заедно. Ти благодарам Шарл Мишел на посетата и на поддршката за европската иднина на Србија“, напиша Вучиќ.