НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот се распаѓа, никогаш не било полошо, предупредуваат невладините организации

0
By Sashko on May 19, 2022 СВЕТ
Фото: seeker.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војните и природните катастрофи во 2021 година принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а бројот на внатрешно раселени лица достигна рекорд од, речиси, 60 милиони луѓе, се наведува во објавената студија.

„Бројот на раселени во 2021 година, луѓето кои ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во рамки на матичната држава изнесуваше 59,1 милиони од кои повеќе од пола се малолетници“, истакнуваат невладините здруженија ИДМЦ (Центар за следење на внатрешното раселување) и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

Таа бројка од година во година (во неа не се опфатени бегалците во странство) непрекинато расте и во 2022 година се очекува нов рекорд поради руската инвазија на Украина што почна на 24 февруари.

Минатата година беше втора, по 2020 година, по бројот на внатрешно раселени лица во последната деценија, кога беше потврден рекорд на раселување поради природни катастрофи.

„А, 2022 година, изгледа, ќе биде уште потешка“, предупредува Александра Билак, директорка на ИДМЦ.

Над осум милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина по два месеца од руската инвазија, според податоци на Обединетите Нации (ОН).

„Состојбата во светот никогаш не била полоша. Светот се распаѓа“, оценува генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд.

„Денешната фактичка состојба е многу полоша од бројките што ги изнесуваме. Светските лидери мора да вложат натчовечки напори за да го променат начинот на размислување, со цел да се избегнат и решат конфликтите и да го прекинат тој молскавичен тренд на човечко патење“, укажува Егеланд.

Супсахарска Африка

Најголем број на внатрешно раселени лица лани беше забележан во супсахарска Африка од кои пет милиони во Етиопија, држава која е погодена од голема суша, но и војна во покраината Тиграј од 2020 година.

Бројки без преседан во 2021 година се потврдени и во Демократска Република Конго и во Авганистан, каде по враќањето на власт на талибанците и сушата многу луѓе беа принудени да заминат од своите огништа. Во Мјанмар, каде војската ја презеде власта по воениот удар во 2021 година, бројот на раселени, исто така, достигна рекордно ниво.

Блискиот исток и северна Африка, сепак, имаат најниско ниво на раселеност во последните 10 години, бидејќи стивнаа конфликтите во Сирија, во Либија и во Ирак, иако вкупниот број на раселени во тие региони и натаму е висок.

Сирија сè уште има најголем број на раселени лица поради војната на крајот на 2021 година – 6,7 милиони жители, пред Конго со 5,3 милиони, Колумбија со 5,2 милиони и Авганистан и Јемен кои имаат по 4,3 милиони раселени луѓе.

Природни катастрофи

Иако бројот на раселени лица поради војни е импресивен, природните катастрофи беа најголема причина за раселување во рамки на земјите во 2021 година со 23,7 милиони луѓе. Дури 94 отсто од нив беа принудени да заминат од своите домови поради метеоролошки катастрофи, како што се урагани, поплави и суши, појави кои се сè почести поради промената на климата.

Од внатрешно раселените лица од тие причини, 70 отсто се забележани во Кина, во Индија и на Филипините. Меѓутоа, војните и природните катастрофи сè повеќе одат рака под рака, предупредува Егеланд. Во подрачја како Мозамбик, Сомалија и Јужен Судан во Африка и Мјанмар во Азија кризите се поклопуваат и предизвикуваат несигурност за храна што прават милиони луѓе уште поранливи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.