НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Петровска-Заков во Софија, покана до бугарската армија за вежба на Криволак

0
By Соња Крамарска on May 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Безбедноста и стабилноста на регионот е заеднички приоритет на Северна Македонија и на Бугарија и затоа и двете сојузнички земји ќе продолжат интензивно да соработуваат на планот на одбраната, заклучија на денешната средба во Софија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот бугарски колега, Драгомир Заков.

Министерката Петровска  истакна дека двете земји веќе соработуваат во многу сегменти на одбраната, но дека постојат многу други можности кои треба да бидат развиени, особено во доменот на резервните сили. Она што е најважно е соработката помеѓу припадниците на двете Армии да се одвива во континуитет.

„Бугарските војници беа дел од големите вежби во Северна Македонија во текот на 2019 и 2021 година што се покажа како одличен начин за размена на искуство, но и зголемување на интероперабилноста помеѓу двете армии и во тој контекст упатив и покана за подготовка на заедничка вежба помеѓу двете армии која би се одвивале на тренинг центарот Криволак”, рече министерката.

Имајќи ја предвид безбедносната ситуација во Европа, Петровска порача дека она што во моментов е неопходно е целосна интеграција и заедништво.

„Членството на Северна Македонија во НАТО беше одлука која денес, во изменетата безбедносна архитектура се докажа како визионерска и историска, и беше поддржана од сите земји членки на НАТО. Денес Северна Македонија придонесува за стабилноста и безбедноста, а Република Бугарија на западната граница има сосед кој и е сојузник, сосед со кој заедно ја градат колективната безбедност“, рече министерката Петровска.

Министерот Заков истакна дека оваа средба е знак дека Бугарија и Северна Македонија како земји членки на НАТО имаат исклучително важна улога во регионот, во поддршка на стабилноста и безбедноста. Порача дека главната задача за нас и идните поколенија е Балканот вклучувајќи го и Западниот Балкан никогаш повеќе да не бидат споменувани во негативен контекст.

Бугарија Заков Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на…

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.