Новиот iPhone 6 со екран од 4,7 инчи ќе се најде на полиците за продажба оваа есен. Карактеристично за овој телефон е што дизајнот наместо коцкаст ќе биде заоблен.
Димензиите на уредот се 138,1 x 67 mm, со дебелина од само 6,9. ). Екранот поседува IPS панел и резолуција од 1334 x 750 пиксели (HD). Нарачките започнуваат на 12-ти овој месец, а продажбата почнува на 19-ти.
Според Apple, новиот iPhone 6 има перформанси кои наспроти оригиналниот модел (iPhone 2G) се подобрени за цели 84 пати. Компанијата го дизајнираше самостојно новиот A8 чип, кој работи на 64-битна архитектура и содржи 2 милијарди транзистори и е 13% помал од претходникот A7.
Според Apple, новиот модел е до 50% побрз во процесирање и до 25% побрз графички од претходниот модел. Камерата останува со резолуција од 8 мегапиксели и двотонски блиц, но поседува 5 различни леќи и апертура од f/2.2. Компанијата тврди дека со користење на нова технологија, наречена phase focus, двојно го намалила времето на фокусирање и сликање.
Освен фотографии, новата iSight камера има можност да снима во 240 фрејмови во секунда при HD (720p) резолуција.
Предната камера дозволува до 81% поголема светлина, со што добивате можност за перфектните #selfie фотографии. Камерата добива HD (720p) резолуција и сензор со f/2.2 леќа.
Цената на верзијата со 16 гигабајти на договор од 2 години е 199 долари во САД, верзијата со 64GB чини 299 долари и најскапата верзија е онаа со 128GB меморија која чини 399 долари.
Епл промовираше и револуционерен часовник, кој има жироскоп, акцелерометарски сензор за мерење на отчукувањата на срцето, еден од четирите сензори на долната страна на уредот. На почеток, Apple часовникот е само часовник, но кога штом се буди сопственикот ја крене раката, лицето на часовник може да се менува и се менува по волја.
Се разбира, екранот е осетлив на допир и направен од сафирно стакло, материјал кој е скоро невозможно да се изгребе.