Фондот за пензиско и инвалидско осигурување почнувајќи од 24 септември на јавна аукција преку Македонската берза ќе понуди на продажба удели во 40 фирми, објавува ПИОМ.
Станува збор за удели кои се помали од 50 отсто од сопственоста на фирмите, а почетната цена се движи од неколку десетици илјади денари до над милион денари.
ПИОМ скоро секој месец се ослободува од својот капитал во фирмите за да обезбеди дел од парите кои му се потребни за исплата на пензиите, објавуваат медиумите.