Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени високи функционери во Владата на БИХ

0
By Нова ТВ on September 10, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2014 15:51


Во Босна и Херцеговина во тек е голема полициска акција во која е уапсен министерот за земјоделство и вицепремиер на босанската влада, Јерко Иванковиќ Лијановиќ, неговиот брат Младен Иванковиќ Лијановиќ пратеник во Парламентот, сопственици на фабриката за месна индустрија „Лијановиќ“, како и нивниот трет брат и министерот за трговија во Владата Милорад Бахиљ.

Тие се приведени утринава под сомнение за учество во организиран криминал и даночно затајување. Во акција „Месо“ уапсени се вкупно 14 лица, меѓу кои и еден пратеник и двајца браќа на вицепремиерот Лијановиќ.

Од Обвинителството на БиХ, по чиј налог е спроведена акцијата, се дознава дека апсењата се дел од истрагата за измами со кои буџетот на Федерацијата БиХ е оштетен за околу 6 милиони евра.

Станува збор за даночни и царински затајувања извршени со основање и подоцна фиктивно затворање на претпријатија, кои оставиле големи даночни долгови.

„Утврдено е дека криминалната група со своите противзаконски активности се здобила со противправна корист во износ од 11,6 конвертибилни марки. Средствата се стекнати со прикривање данок, од ненаменски искористени субвенции за земјоделците и од продажба на стокови резерви на Федералната дирекција. За да го прикријат потеклото на парите, износот го враќале во легален оптек преку давање позајмици и откуп на акции од правни лица“, изјави Кристина Јозиќ, портпаролка на босанската агенција за истражување.

Со акцијата раководи Јавниот обвинител на БиХ, а во активностите на теренот учествуваат повеќе стотина припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) и Управата за индиректно оданочување на БиХ.

Во акцијата се вршат претреси во три претпријатија, а меѓу осомничените има и познати имиња од стопанскиот и јавниот живот во државата, соопшти Обвинителството на БиХ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.