Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) го испитува првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, а станува збор за турист од Англија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од ЕОДИ кусо соопштија дека туристот, заедно со неговата придружничка, која е без симптоми, се хоспитализирани во атинска болница. Резултатите од земените примероци и испратени во лабораторија ќе бидат достапни утре.
Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалониа, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во атинската болница „Атикон“.
-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавата на изолирани случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење“, соопштија во петокот од Националната организација за јавно здравје на Грција.