НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдум во Шкотска: Велика Британија на граница на распаѓање

0
By Нова ТВ on September 12, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На пет дена од референдумот на кој Шкотска ќе се изјасни дали сака независност, агенцијата за истражување ЈуГов покажа дека поддршката за независност опадна за три проценти соопштува Гардијан.

Последните резултати од анкетите покажаа дека 52 проценти од населението е со став Шкотска да остане дел од Велика Британија, додека 48 проценти сметаат дека државата треба да стане независна. Неизвесноста од резултатот го натера премиерот Дејвид Камерон да ја посети Шкотска на еднодневна кампања со цел да ги придобие гласовите на неопределените.

Во своите говори, Камерон се повика на емоциите и на значењето на сојузот Велика Британија кој постои веќе 307 години велејќи дека неговото срце ќе се скрши ако „оваа фамилија на нации“ се распадне.

„Понекогаш бидејќи станува збор за избор, бидејќи станува збор за гласање, сметам дека луѓето го чувствуваат тоа како да се општи избори со кои донесуваат одлуки за наредните пет години и ако не им се допадне на наредните избори тие ќе ја сменат својата одлука. Но, ова е сосема различно од таквите избори. Ова не е одлука за наредните пет години, ова е одлука за следниот век“, рече Камерон во својот говор пред луѓето во Единбург.

Блер Џенкинс од кампањата за независност изјави дека последните резултати не се за разочарување всушност тие се доказ дека двете кампањи не се разликуваат многу во процентите.

– Иако „не“ се врати на врвот, кампањата за независност се држи до своите успеси од август. Овие успеси најчесто се резултат на луѓе коишто преминале од „не“ кон „да“ или од неопредлените – објаснува Џенкинс.

Шкотскиот прв министер, Алекс Салмонд ги отфрли ветувањата за поголеми овластувања на државата кои беа ветени од Камерон нарекувајќи ги „апсолутна паника на Вестминистерската елита“.

„Многу луѓе овие напори на Камерон ќе ги видат како премногу мали и премногу доцна. Премногу мали бидејќи тие не нудат силен парламент зад кој граѓаните ќе можат да застанат, а независноста тоа го прави. Напорите се премногу мали бидејќи тие не нудат објаснување за тоа како можеме да се заштитиме од националните здравствени услуги и тие доаѓаат премногу доцна бидејќи се последен знак на очај“ рече Салмонд.

Анализите покажаа дека поддршка за независност најмногу имало во населението помеѓу 25-39 годишна возраст. Исто така, рејтингот на првиот министер Алекс Салмонд кој се залага за независност на Шкотска опаднал за 4 проценти односно од 24 проценти на 38. Спротивно е кај поранешниот премиер, Гордон Браун кој е од страната на лабуристите чиј рејтинг се искачил на 35 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.