Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белорусија: Театар што потсетува на ризиците од уметничкиот отпор

0
By Нова ТВ on September 12, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 12, 2014 13:13


Документарниот филм на режисерката Медлин Саклер нуди прозорец кон Белорусија, нација потисната помеѓу Украина и Русија пишува Вол Стрит Џурнал.

Филмот на Саклер ги води гледачите кон светот на Белорусија и нејзиниот театар и служи како потсетник за ризиците уметничкиот отпор.

„Опасни дела“ ја раскажува приказната за белорускиот Слободен театар, авангардна група осудена од белоруската влада. Продажбата на билети за нивните изведби се смета за илегална економска активност, па групата е принудена да работи скришно.

Следени од Министерството за култура, голем дел од уметноста на земјата е предмет на остри цензури. Од современите драматурзи и рок-бендови, па до ТВ емисии и радио станици, Министерството сите ги санкционира.

Саклер го режираше својот филм преку веб камера за потоа да успее да ја прошверцува снимката од Белорусија. Таа всушност никогаш не стапнала во земјата.

„Опасни Дела” ги документира протестите за време на претседателските избори во декември 2010 година кога Лукашенко победи. Активисти дадоа отпор со тоа што излегоа на улиците за на крај да бидат насилно спречени од белоруската полиција. Членовите на Белорускиот Слободен театар биле повикани на испрашување и на Нова Година групата ги напуштила своите семејства зад себе и избегала од земјата.

Девет члената група неуморно се обидувала да создаде провокативен материјал што ќе ја потсети публиката на нивната секојдневна мака.

Содржината на нивната претстава се однесува на работ на животот во Белорусија, во кој лични трагедии се мешаат со создадениот национален страв.

Во сцените актерите користат балони за да ги означат истрелите од пушки за време на протестите и се покриваат со пластика кој се намалува се’ додека не снема простор за да излезат.

Тие поставуваат прашања на сцената во врска со сексуалноста, самоубиството и алкохолизмот. Токму поради ова тие се цензурирани од Министерството за култура.

„Начините кои тие ги избраа за да комуницираат со светот би можело да значи разлика помеѓу она да се биде дома со нивните фамилии и она да се биде во затвор“, рече Саклер.

Во Белорусија, КГБ присуствува на претставите на Слободен Театар, понекогаш само за да ги заплаши изведувачите, а понекогаш, настапите завршуваат со апсења. Криминалните случаи против групата натера четири члена на постојан егзил во Лондон. Но, тие не престануваат со нивната работа.

Групата сега функционира двострано, во Англија учествуваат британски и белоруски актери, а во Белорусија продолжува да се пишува, развива и вежба за нов материјал.

Слободниот театар ги турка границите бидејќи тоа е единствениот начин на кој неговите членови можат да ги изразат нивните фрустрации за рестриктивниот режим на Лукашенко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.