НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците од утре поблиску до копчињата за гласање

0
By НОВА ТВ Balaban on May 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата опрема, како и новиот веб сајт на Собранието, ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешниот редовен брифинг со претставници на медиумите, информираше за тековните активности во законодавниот дом, со акцент на можностите што ги нуди новата техника во салата за пленарни седници.

Претседателот информираше дека од утре (26 мај 2022 год.), пратениците се враќаат во салата број 1, каде што, со почеток во 11 часот, ќе се одржи новата 72. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања.

Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата број 3.

Утре (четврток) на снимателите и на фото-репортерите ќе им биде овозможено снимање на инсерти на почетокот на 72. седница.

Новата модерна конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследот на говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред…

Новата опрема, како и новиот веб сајт на Собранието, ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом.

Повеќе информации за новата конференциска опрема во пленарната сала во Собранието на Република Северна Македонија може да се најдат на https://we.tl/t-q3U7b7ZDuk.

пленарната сала Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.