Салвадор Рамос, 18-годишниот средношколец кој уби 19 деца и две наставнички во основно училиште во Тексас, легално купил две полуавтоматски пушки и 375 куршуми во рок од три дена, неколку дена пред да го изврши нападот во Увалде. Полицијата и истражителите и натаму не го знаат мотивот на нападот, во кој настрадаа деца на возраст од седум до десет години, како и две наставнички со долг стаж во училиштето.
Пред да тргне во својот поход, Рамос ја застрелал баба му, кај која се преселил два месеца порано, откако се скарал со мајка му, која имала проблеми со дрога.
„Тој беше тивко момче и колку што можев да забележам, мајка му никогаш не покажувала љубов кон него. Имаше тежок живот. Кога наполни 14-15 години, престана да доаѓа кај нас дома и неговото однесување се промени. Беше тешко да се разговара со него, на моменти се чувствуваше многу фрустрирано“, изјави Рубен Флорес, со кого Рамос бил сосед 17 години.
Властите велат дека Рамос на некој начин го најавил нападот на социјалните мрежи, каде што прво објавил фотографија од пушките што ги купил набргу по 18. роденден.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на прес-конференција изјави дека напаѓачот објавил три пати на Фејсбук пред неговиот напад.
Во првата објава 30 минути пред да оди во училиште, тој рече дека ќе пука во својата баба. Во втората напиша: „Јас пукав во баба ми“. А третата, објавена околу 15 минути пред нападот објави: „Ќе пукам во основно училиште“.
Абот исто така рече дека бабата на напаѓачот повикала полиција пред тој да ја застрела.
Texas Gov Abbott says the Uvalde shooter posted 3 times on Facebook ~30 minutes before going to the school. The first was, "I'm going to shoot my grandmother." Second was, "I shot my grandmother." The third–roughly 15 min before–was, "I'm going to shoot an elementary school."
— Natasha Bertrand (@NatashaBertrand) May 25, 2022