НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отстранети речиси сите телефонски говорници во Њујорк, остануваат само четири на Менхетн

0
By Sashko on May 26, 2022 СВЕТ
Фото: scoutingny.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Означувајќи го крајот на една ера, властите на Њујорк неделава ги отстранија речиси сите телефонски говорници во градот коишто станаа „технолошки жртви“ на сеприсутноста на бесплатен интернет и паметни телефони последниве години.

Покрај практичната намена, телефонските говорници со децении се појавуваа и во поп-културата – од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ-серии. Но, обожавателите на Супермен, на пр., ќе се утешат со фактот дека њујоршката општина Менхетн ќе задржи четири говорници. Познатите „пресоблекувалници“ на стрип-јунакот Кларк Кент – „Човек од челик“, ќе бидат зачувани како потсетници на не така далечното минато.

Градоначалникот на Менхетн, Марк Левин во коментар на Твитер нагласи дека сѐ уште чувствува носталгија, при отстранувањето на говорниците.

„Тоа е навистина крај на една ера. Последните три телефонски говорници на плоштадот ‘Тајмс сквер’ се отстранети. Нема веќе „ловење“ парички по вашите џебови“, напиша Левин на Твитер.

„Но, се надеваме – ова е и почеток на нова ера, со поголема правичност во пристапот до технологијата“, додава подолу Левин, имајќи предвид на населбите во северен Менхетн, како што е Харлем, коишто се помалку покриени со телефонски и интернет-мрежи.

До денес, 8.400 говорници се постепено отстранети во различни делови на Њујорк. Во 2015 година, Менхетн почна да поставува илјадници пристапни точки на „Линк-НЈС“, нудејќи ви-фи интернет и бесплатни локални повици. Овие нови киосци постепено ќе се поврзуваат со 5-Г мрежата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.