НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смртноста од мајмунски сипаници е околу 10 отсто, вели хрватска докторка

0
By Sashko on May 26, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европа и во Северна Америка од почетокот на мај се евидентираат сè поголем број случаи на заразени со вирусот на мајмунски сипаници. Хрватскиот институт за јавно здравје објави дека во земјата засега нема регистрирано ниту еден случај. Директорката на Клиниката за инфективни болести „д-р Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ за ХРТ објасни како изгледаат симптомите.

„Тоа е вирусна болест. Станува збор за ДНК вируси, седиштето, на некој начин, е во Африка. Првата појава е во седумдесеттите години. Се викаат мајмунски сипаници, меѓутоа, се смета оти мајмуните, како и луѓето, не се главни резервоари, туку, случајни домаќини. Најчесто се работи за мали, ситни глодари, вклучувајќи ги глувците, стаорците и верверичките и бројни примати“, појасни таа, додавајќи дека постои можност за пренос од човек на човек, од животно на човек, но и од човек на животно.

Кога станува збор за симптоми, таа тврди дека болеста почнува со висока температура, како и поголем дел други заразни болести, општа лоша состојба, исцрпеност, силна главоболка.

„Тоа е вообичаено за бројни болести, но, веќе на третиот или четвртиот ден се појавува осип, прво на местото на иницијалниот влез, а потоа се шири од лицето, екстремитети, трупот и на крај на дланките и стапалата. Самите симптоми наликуваат на големи сипаници, за среќа, нема големи сипаници во оптек. Таа болест со вакцинација е потполно искоренета. Имаме и многу отечени лимфни јазли кај мајмунските сипаници“, појасни таа.

Како што истакна таа, од мајмунски сипаници може да заболат сите категории луѓе.

„Може да се каже дека сега во оваа појава на некаква епидемија во Европа, тоа се главно машки лица кои имале односи со други машки лица. Болеста понатаму може да се прошири и на други групи. Особено ранливи се имунокомпромитираните лица, бремените жени и малите деца. Тие се во најголема опасност. Оваа болест е полесна за разлика од големите сипаници. Смртноста е некаде до 10 или 11 отсто. Повеќе во ранливите популации“, тврди директорката.

Маркотиќ, прашана дали заболуваат само машки лица, одговори оти е тешко да се каже. Но, забележано било дека мајмунските сипаници најмногу се појавуваат кај машки лица кои имале односи со други машки лица и тоа во заедници што се промискуитетни.

„Лицата кои имаат постојани партнери на некој начин не мора да се грижат, доколку лицето не било изложено на вирусот. Менувањето партнери може да придонесе за развој на болеста“, подвлече директорката.

Се додава и дека секоја вирусна болест, па и мајмунските сипаници, може да биде асимптоматска.

„Луѓето се заразни кога се појавуваат симптоми на болеста, но, се претпоставува дека кон крајот на инкубацијата може, исто така, да станат заразни. Инкубацијата е од шест до околу 12 дена, а може да трае и до три недели“, информира професорката Маркотиќ.

Според неа, станува збор за опасна болест и има потенцијал за ширење.

„Сите кои се занимаваме со оваа работа знаеме, а го видовме тоа и во изминатите две години, дека вирусите се чудни и можат да ја променат тактиката. Сетете се само на вирусот зика, што со години беше блага болест во Африка, па со ширењето во други подрачја, направи значајни проблеми“, нагласи хрватската докторка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.