Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во финалето во плејофот во НБА лигата, откако во петтиот натпревар во завршницата на Западот го совлада Далас со 120:110 за конечни 4:1 во конференциската финална серија.
За „вориорси“ тоа ќе биде шесто финале во последните осум сезони. Нивни ривал за шампионскиот прстен ќе биде подобриот од источното финале меѓу Бостон и Мајами. „Селтикси“ водат со 3:2 во серијата.