Утрото околу 9 и 11 минути е почувствуван земјотрес со јачина од 3,6 степени, според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Брвеница, тетовско или на 32 километри од Скопје. Земјотресот е почувствуван и во Желино, Боговиње, но и во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 2 километри.