Соединетите Американски Држави се подготвени да испратат напредни ракетни системи со долг домет на Украина по итното барање на неколку украински официјални лица, изјавија повеќе извори за „Си-Ен-Ен“.
„Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има тенденција да испрати системи во рамки на поголем пакет на воена и безбедносна помош, што би можело да биде објавено во текот на наредната недела“, пишува „Си-Ен-Ен“.
Од ракетните системи од американско производство може да се испалуваат ракети на повеќе од 100 километри, што е многу повеќе од капацитетот на било кој ракетен систем со кој Украина веќе располага и според укаринските власти тоа би можело да направи пресврт во војната против Русија.
„Русија во изминатите недели изведуваат напади на истокот на Украина, каде Украинците се послаби и по оружје и по бројот на припадници на вооружените сили“, порачаа украински официјални лица.
Украина бараше уште еден ракетен систем – артилериски ракетен систем со висока мобилност (HIMARS).