Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ана Каренина“ на Пројковски победник на „Денови на Нушиќ“ во Смедерево

0
By НОВА ТВ Balaban on May 28, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 28, 2022 10:36

Со сите овие награди, „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

Прексиноќа, 26.05.2022 година на завршната вечер на 39-то издание напрестижниот Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ во Смедерево, Србија, свечено беше прогласен победникот на Фестивалот, претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад.

Претставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, повторно ги „победи“ своите големи конкуренти – претставите, меѓу другите, на Народно позориште – Суботица, Ателје 212 – Белград, Народно позориште – Белград и Београдско драмско позориште – Белград, а ја оценуваше жири, во состав Исидора Миниќ, Слободан Бода Нинковиќ и Милорад Мики Дамјановиќ (сите драмски уметници).

Во образложението на жирито се вели: „Претставата „Ана Каренина“ е моќно театарско доживување. Режисерот Дејан Пројковски со многу малку текст, користејќи го романот на Толстој речиси како синопсис, успева да раскаже возбудлива приказна за судбината на жената – човекот растргнати меѓу општествените норми и своите чувства. Низ многу модерен израз, сложувајќи слики од животите на јунаците, во драматичната сценографија, а сето ова поддржано од врвната игра на целиот ансамбл, добивме фантастична, возбудлива, несекојдневна, раскошна изведба на големиот класик. Се надеваме дека оваа претстава ќе ја подигне „пречката“ на нашиот театар и ќе стане стандард во поглед на театарската уметност“.

На ова издание на „Денови на Нушиќ“, наградата за животно дело му беше доделена на легендарниот актер на просторите на поранешна Југославија, Богдан Диклиќ.

Наградите на Театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ овој пат, под мотото  „Приказните наши, приказните насушни“,ја зголемија навистина богатата колекција од 23-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Каренина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање, „Театарска пролет„ во Шабац… Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија.

Со овие сите награди, „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

Деновиве, нашиот Дејан Пројковски почна со подготовките на проектот „Инферно“ според „Пеколот“ од Данте Алигиери, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“,долго очекуван, од македонските професионалци и љубителите на театарската уметност, театарски спектакл потпишан на овој македонски врвен режисер.

 

„Ана Каренина“ „Денови на Нушиќ“ победник Пројковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.