Ќе биде ли бебето Mеги, првиот член на семејството Симпсон од мега популарната анимирана серија, што ќе добие Оскар?
Меги Симпсон е во главна улога во “Најдолгиот дневен престој “, кој е номиниран за Оскар во категоријата анимиран краток филм.
Филмот го почна својот живот како студија за креирање на 3D ефекти во идните епизоди на Симпсонови, без користење на CGI технологијата.
Режисерот Дејвид Силверман објасни дека на почетокот се работело за експеримент. Но потоа го доработел во форма на краток анимиран филм.
Филмот кој трае околу четири минути е достапен за публиката во традиционалните 2D анимација, но исто така и во 3D . Претпремиера имаше пред една година, како отворање за анимираниот хит “Ice Age: Continental Drift.”.
Инаку, “Најдолгиот дневен престој“ е нем филм кој раскажува за еден ден во животот на Меги Симпсон во Ејн Ренд градинката.
Таму, таа го среќава својот најголем непријател, „моно-веѓa бебе Жерард“. И војната почнува …