НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојаноска:ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери

0
By НОВА ТВ Balaban on May 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија. Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание.Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието, изјави денеска Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде:
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.

Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.

Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.

Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.

Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа:
– Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;
Понатаму:
– Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници;
– Ненавремено доставување на материјал до пратениците;
– Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата;
– Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието;
– Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело;
– Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.

Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење  на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.

Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација.
Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.

Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери.
Дафина Стојаноска џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.