НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лабина Митевска: Односот на Столе Попов е недоличен и неправеден

0
By Нова ТВ on September 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорката на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ преку писмено соопштение до медиумите реагира на утринскиот инцидент на прес- конференцијата за филмот „До балчак“, на која режисерот Столе Попов го нарече отворањето на овој фестивал „селска манифестација“.

„Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит.

Однесувањето на дел од филмската екипа на До балчак сметаме дека е недолично и неправедно кон нас.

Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме“, реагира Митевска.

Таа нагласува дека црвениот килим на „Браќа Манаки“ некому му се допаѓа, некому не, но организаторите се трудат да наликува на големите светски фестивали и „Браќа Манаки“ го прават по тој терк.

„Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата Оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот До балчак.

И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности.

Сите недоразбирања ги оставаме зад нас, она што е сега важно дека имаме еден мошне интересен филм, од добар автор, ние секогаш ќе ги поддржуваме квалитетните уметнички дела, затоа сме и тука, “, соопштува директорката на фестивалот.

Режисерот Столе Попов, утрово на прес-конференцијата посветена на синоќешната премиера на неговиот филм „До балчак“ излезе со остар напад кон фестивалот Манаки.

Тој отворањето на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го нарече „селска манифестација“, објави ТВ Тера.

Тој го објасни однесување на црвениот тепих на фестивалот, каде што предизвика сцена пред главната гостинка Жулиет Бинош, при вербална расправија со лабина Митевска- Попов нагласи дека никој него на црвениот тепих не го пречекал, а ниту бил преставен пред оскаровката.

На ваквите коментари од режисерот реагираше директорката на фестивалот Лабина Митевска која побара од Попов да не го нарекува фестивалот селска манифестација, по што следеше остра вербална расправија меѓу неа и режисерот на филмот „До балчак“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.