Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обелоденети детали за исчезнатиот авион: Пилотот бил од Швајцарија, а патниците од Германија и Хрватска

0
By НОВА ТВ Balaban on May 29, 2022 РЕГИОН
Фото: radio1.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 29, 2022 21:45

ХГС С на Твитер објави дека во моментов во потрагата по спортскиот авион учествуваат 35 припадници на полицијата и 83 припадници на ХГС С, меѓу кои и седум тимови за пребарување кои користат кучиња.

Пилотот на спортскиот авион „Цесна“, кој денеска исчезна од радарот по полетувањето од Сплит кон Германија, е швајцарски државјанин, додека двајца патници се германски државјани, а едно лице е хрватски државјанин, покажуваат податоците на полицијата.

Шефот на полициската управа во Карловац, Дарко Братиќ, изјави дека оваа информација полицијата ја добила во најавата за летот од регионалната контрола на летот во Сплит.

Началникот на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГС С), Јосип Граниќ изјави дека се уште нема нови информации, но оцени дека е позитивно што поголем број луѓе се вклучиле во потрагата и дека е извршен увид на поголема површина.

Тој додаде дека е мобилизиран целиот ХГС С и нагласи дека потрагата нема да биде прекината „се додека не се најде нешто“.

Авионот се смета за исчезнат, нагласи Граниќ и додаде дека не може да се прејудицира дали се урнал.

– Се е можно, но авионот исчезна и ние така го водиме. Се надеваме на најдоброто, подготвени сме за најлошото, истакна тој за ХРТ.

ХГС С на Твитер објави дека во моментов во потрагата по спортскиот авион учествуваат 35 припадници на полицијата и 83 припадници на ХГС С, меѓу кои и седум тимови за пребарување кои користат кучиња.

– Теренот е исклучително тежок, но потрагата продолжува и во текот на ноќта. Во наредните часови ќе пристигнат екипи на ХГС С од цела Хрватска, се наведува на Твитер.

Шефицата на одделот за потрага и спасување на авионот, Наталија Мезак Доленчиќ, за ХРТ изјави дека моментно на терен има стотици луѓе – од полиција до припадници на ХГС С и работници од цивилната заштита.

Таа нагласи дека поради временските услови авионите и дроновите не можат да функционираат, но дека штом временските услови дозволат ќе бидат ангажирани на терен.

Полицијата соопшти дека во потрагата учествуваат и припадници на специјалната и интервентната полиција.

исчезнатиот авион Пилотот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.