Албанија и денеска не доби нов претседател, откако ниту еден кандидат не беше предложен за третиот круг на гласање во парламентот. Владејачката Социјалистичка партија и опозицијата не најдоа заеднички јазик за кандидат кој ќе го наследи Илир Мета на функцијата, ниту, пак, беше номиниран независен кандидат.
Според албанскиот модел за избор на претседател, победник е кандидатот кој ќе обезбеди најмалку 84 гласови во првите три круга од вкупниот број на пратеници во Собранието или просто мнозинство во последните два круга на гласање.
Иако контролираат од 74 до 140 мандати во парламентот, социјалистите, сепак, немаат доволно гласови за избор на посакуваниот кандидат.
Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета истекува на 24 јули.