НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска почнува старо -новата акција „Купи куќа, купи стан“

0
By Соња Крамарска on June 1, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Објавен е јавен повик согласно кој ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот.

Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка согласно утврдените критериуми изнесува 2,9 отсто во првите 3 години и 3,9 во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот при изборот на варијантата за субвенција на месечната рата, додека кај моделот субвенционирање на учеството каматната стапка изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен Eурибор.

Согласно утврдените услови и критериуми корисници на субвенциониран кредит може да бидат лица кои не се или се во брачна заедница, при тоа да не поседуваат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи се дефинирани на максимален износ од 900 евра за оние кои не се во брак и 1.300 евра за брачен пар. Продажната цена на станот што се купува со субвенционираниот кредит не треба да надминува 900 евра за метар квадратен и површина до 150 метри квадратни.

Заинтересираните граѓани може да поднесат барање за субвенциониран станбен кредит во комерцијалните банки во земјава преку кои се спроведува проектот, односно НЛБ банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка и Прокредит банка.

Преку проектот „Купи куќа, купи стан“, кој се реализира 10 години, досега се одобрени над 2000 барања, при што износот на одобрените кредити е над 73 милиони евра, а одобрените субвенции над 18 милиони евра. (С.К.)

„Купи куќа Аплицирање купи стан“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.