Окапани од работа, обесправени во своите права, излажени и понижени од својата влада, а финансиски немоќни да го продолжиме својот бизнис, вака денеска се пожалија земјоделците од струмичкиот регион заради како што велат неисплатените субвенции.
Тие денеска доставија неколку барања до Владата, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој.
„ Да ни се исплатат заостанатите субвенции за изминатите две години, како и да се почитува законската обврска за исплата до крајот на годината за 2014 и конечно да се прекине со дискриминацијата кон земјоделците преку исплаќањето на субвенциите, рече Ристо Велков , претседател на синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.
Тие денеска со своите решенија пред подрачното министерство земјоделците велат дека добиваат писма за тоа дека ќе бидат исплатени, но парите не ги добивале.
„ Од поплавите ми беа оштетени 36 фолии со земјоделски култури, до денеска немам добиено ништо, немам денар земено за последните две години, истакна Миле Костурски од село Моноспитово.
„ Ги имам сите документи, имам добиено решение дека треба да ми исплатат 24.000 денари за одгледување на крупен добиток, а парични средства не добив до денес. За 2012 ми беа исплатени 50 отсто, остатокот од средствата не го добив“, изјави Митко Тотушев од село Самоилово
„За 2012 година не добив субвенции за органско производство на 70 пчелни семејства, барав од секаде одговор зошто не добивам, за пред една недела да добијам писмо дека ми се укинуваат субвенциите за 2012 година“, а незнам зошто, вели Аце Милчев од село Смоларе.
Струмичките земјоделци најавија протест пред Владата и надлежните министерства доколку не се исполнат нивните барања за добивање на субвенциите, поради како што велат немање пари за спремање на производство за следната сезона.