Кандидатот за претседател на НСДП Горан Мисовски пред раководствата на
општинските организации на НСДП од Изборните единици 1 и 2 ја презентираше кандидатурата за претседател на НСДП.
Истакна дека неговата програма „ВИЗИЈАТА ЗА НСДП 2022-2026“ ќе донесе клучни промени во делувањето на НСДП во насока на отвореност, транспарентност, отчетност на функционерите и партија блиска до граѓаните. Се работи за сеопфатен документ кој ќе ја демократизира и модернизира партијата и ќе ја отвори за нови лица и прогресивни идеи.
НСДП е партија со автономни и препознатливи политики кои се докажаа како
визионерски во минатото. Такви политики ќе бидат и во иднина, препознатливи и единствени. НСДП е државотворна партија, која учествува во носењето на сите клучни одлуки во државата. Воедно НСДП ќе нуди решенија клучните решенија за државата на зацртаниот европски пат и за горливите проблеми на работниците, социјалците, маргинализираните групи.
НСДП во своето делување гледа партнер во сондикатите, коморите и невладините организации со кои ќе воспостави релации засновани на заемна доверба и тесна соработка за решавање на проблемите на работниците, вработените, социјалците, маргинализираните групи.
Особено ќе инсистираме за реализација на нашата стратешка определба за еднакво вреднување на трудот и капиталот, изјавил Мисоски.