Македонската фудбалска репрезентација ремизира (1:1) против Бугарија во Разград во меч од првото коло во групата 4 на Ц дивизијата во Лигата на нации.
Бугарите поведоа преку Десподов во 13-та минута, израмни Милан Ристовски во 50-та минути и до крајот на натпреварот, резултатот остана непроменет.
Во судиското продолжение, францускиот судија Жером Пињар досуди пенал за Бугарија поради контакт на топката со рака од Висар Муслиу. По реакцијата на македонските фудбалери и, веројатно, сугестијата од ВАР собата, Пињар ја прегледа снимката и ја поништи својата првично донесена одлука и отсвири крај на натпреварот.
Македонија во недела ќе го има и вториот настап во Лигата на нации против Гибралтар на гости.