Над 300 лица во Франција пријавија дека биле избоцкани со игли во ноќни клубови или на концерти во последните неколку месеци. Лекари и повеќе обвинители работат на случаите, но засега никој не знае кој го прави тоа и зошто и дали на жртвите им е вбризгувана дрога или некоја друга супстанција.
Сопствениците на клубови и полицијата се обидуваат да ја подигнат свеста, со цел да ги предупредат посетителите на концертите на ризикот од изненадувачки напади со игла.
Меѓутоа, во прашање не е само Франција. Случаи со „боцкање со игли“ истражува и британската влада, како и полициските служби во Белгија и во Холандија.
„Хафпост“ го наведува примерот на 18-годишниот Томас Лаус кој на 4 мај бил на рап концерт во Лил, на северот на Франција. Конзумирал марихуана и малку алкохол, но кога се вратил дома, како што изјавил за Асошиејтед прес“, имал вртоглавица и главоболка – забележал хематом и мал чуден убод на раката.
Симптомите биле присутни и утрото, па Лаук го посетил матичниот доктор кој му советувал да оди во Итната помош. Лекарите ги потврија дека станува збор за убоди со игла, па момчето било подложено на тестови за ХИВ и хепатит. Резултатите биле негативни, како што е впрочем случаи и кај сите жртви досега.
„Решив некое време да не одам на концерти, откако се случи тоа“, вели Лаук.
Стотина километри подалеку, Лин Деснос раскажува слично искуство по посетата на клуб во Бордо во април. Деснос, која исто така е на возраст од 18 години, била во бесвест до наредниот ден. Добила вртоглавица додека била во ресторан за брза храна. Дури кога се вратила дома, сфатила дека има трага од инјекција на раката.
Откако на социјалните мрежи видела сведочења за разни мистериозни случувања, посетила клиника за да се тестира за инфекција и сè уште чека резултати.
Луѓе од Париз, од Тулул, од Нант, од Нанси, од Рен и други градови ширум Франција пријавиле дека биле боцнати со игла без нивна дозвола и знаење. Таргетираните лица, главно жени, покажуваат видливи траги на инјекција, честопати хематоми и пријавуваат случаи на замор.
Француската национална полиција наведе дека 302 лица поднеlе официјални пријави за убоди со игла. Неколку полициски истраги се почнати во некои региони, но сè уште нема уапсено ниту еден осомничен, ниту една игла не е пронајдена, ниту пак се јасни мотивите.
Ниту една жртва не пријавила сексуален напад, а едно маж рекол дека бил ограбен во Гренобл во април, наведува весникот „Монд“. Две лица биле позитивни на ГХБ, а, според службеник на француската национална полициска агенција, не е исклучена можноста да проголтале дрога во пијалоците. Инаку, ГХБ претставува силен анестетик кој го користат предатори кои сакаат сексуално да злоставуваат или да нападнат жртва и може да се детектира во урината само 12 часа.
Француското Министерство за внатрешни работи почна национална кампања за подигнување на јавната свест овој месец.
Парламентот на Велика Британија, пак, во април објави извештај за алкохол и алкохолизирање во пабови и ноќни клубови по изненадувачкиот пораст на бројот на такви случаи лани. Речено е дека полицијата примила околу 1.000 пријави за вбризгување со игла ширум земјата од октомври во 2021 година, по враќање на големи групи на студенти во кампусите, откако беа ублажени или укинати рестрикциите за ковид-19.
Низа на слични инциденти, во кои лица се избоцкани со игли во ноќни клубови, на фудбалски натпревари и на националната Парада на гордоста, се пријавени и во Белгија. Бриселското Обвинителство во текот на минатиот месец отвори две истраги по пријавите на жени кои рекле дека биле избоцкани за време на Парадата на гордоста во центарот на Брисел.




