Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од американското знаме на ДУИ може да им остане стапот

0
By Борјан Јовановски on September 18, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 18, 2014 14:31

Од американското знаме кое стои во сценографијата на секој настап на Али Ахмети и високите функционери на неговата партија, како што стојат работите ќе остане само стапот. Американците ќе си го земат знамето, бидејќи тоа е сепак симбол на вредности кои се антиподи на политичкото делување на ДУИ и нивниот поголем брат во власта.

Пораките на Нуланд за клептократските режими, онаа на Волерс дека политичките партии работат само на богатење на самите себе на сметка на интересите на државата и, конечно, вчерашниот настап на новиот американски амбасадор во Сенатот се јасна порака до владеачките партии дека играта е завршена, а нивните агенди прочитани. Очигледно е дека некој ќе се потруди да ги избрише од колективната меморија на Албанците митовите кои самата ДУИ ги шири во јавноста дека е политичка структура блиска до САД.

ДУИ ги доби сите шанси на овој свет да демонстрира дека навистина се залага за реформи и за имплементација на демократските вредности. Нивното учество во власта во ресори како европските интеграции, меѓуентичките односи и правдата се покажа како гола демагогија во чија позадина се голи лукративни интереси.

Вицепремиерите за европски интеграции и имплементација на Рамковиот договор и министерот за правда веќе неколку години не успеават да направат ниту најмал чекор напред во односот на овие стратешки прашања. Европската агенда назадува. Слободата на медиумите, владеењето на правото, судскиот систем, човековите права како теми на кои со години инсистираат нашите стратешки партнери ЕУ и САД по сите перформанси очигледно се влошуваат.

Обидите на функционерите на ДУИ одговорноста за ваквите состојби да ја префрлат на ВМРО ДПМНЕ во разговорите зад затворени врати со западните дипломати им паѓаат во вода, така што и на оние најнаивните дипломати им стана јасно дека ДУИ не е политичка структура на која може да и се верува или дека квалитативно нема никаква разлика помеѓу нив и нивниот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ.

Во овие околности ВМРО ДПМНЕ барем делува поискрено и не ги мафта и злоупотребува американското и европско знаме каде што ќе стигне, а не ретко и отворено и јавно се конфронтира со западните партнери што во извесна мера, колку и да е штетно, барем делува искрено.

Фатмир Бесими денеска вели дека е важно „ да има препорака за да сме фокусирани, но и за Македонија да има покомотна позиција во разговорите со Грција и Бугарија“. „Нашата позиција зависи директно од извештајот на Европската комисија“, вели Бесими.

Логичното прашање на оваа негова изјава е да даде било каков пример со кој што ќе не увери дека досегашните препораки за почеток на преговори како ефект ја имале фокусираноста на владата на клучните прашања на кои укажуваат ЕУ и САД. Реалноста укажува на нешто сосема поинакво. Реформските процеси во сферата на слободата на медиумите, владеењето на правото, борбата против корупцијата се одамна запрени, ако воопшто некогаш започнале.

САД како и да јасно порачаа дека нивното знаеме не може да биде параван зад кои се играат валкани игри. Наскоро се очекува и ЕУ да биде појасна околу тоа дали ѕвеѕдичките од нејзиното знаме се уште ќе можат да се користат за ореоли над главите на Ахмети и Груевски. Доаѓа есен. Лисјата паѓаат.

П.С.
Најавите за ново позиционирање на американската и европска дипломатија кон Македонија најмалку би требало да се разберат како некаков конкретен ангажман на овие меѓународни фактори во однос на промена на власта како што тоа го толкуваат бројни наивни опозициски кругови.

Таа работа ќе се случи само и само со квалитетна понуда и ангажман на политичката алтернатива и со будење на анестезираната граѓанска свест. Демократските вредности не се роба која ќе ја донесе некој шлепер од Брисел. Станува збор за култура која мора да се демонстрира јасно и гласно како автохтона.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.