Руската Дума усвои закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминување на непријателска страна за време на војната со Украина.
Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума одобри предлог-закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминувањето на непријателска страна за време на воениот конфликт во кој учествува Русија, соопшти денеска Думата.
„Со оглед на тоа што измените на законодавството во оваа област се насочени кон безбедноста на Руската Федерација и зачувување на уставниот поредок, Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума го одобрува нацрт-федералниот закон и препорачува Думата да го прифати“, се вели во соопштението, што го пренесува агенцијата ТАСС.