Тетово и денеска околу пладне го погоди силно невреме со интензивни врнежи од дожд и град што траеја околу половина час. Ова е второ силно невреме во градот по Шара во последниве десет дена, а од денешните обилни врнежи тетовци досега не пријавиле поголеми проблеми.
Преку социјалните мрежи се објавуваат фотографии од поплавени улици, бидејќи водата не може брзо да навлезе во атмосферската канализација.
По поплавите што се случија минатата недела, поднесени се над 130 пријави за штети направени и од пожарот и од поплавите. Од нив, 97 се за поплавени куќи и подруми, а останатите за штети предизвикани на земјоделски парцели, на јавната инфраструктура и во институциите.