Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со премиерата на „Деца на сонцето“, се спушти завесата на Манаки

0
By Нова ТВ on September 20, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 20, 2014 11:34

Со доделувањето на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, синоќа во Битола заврши 35. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Годинешен добитник на најпрестижната фестивалска награда, златната „Камера 300“, е украинскиот кинематографер Валентин Васјанович, за неговиот дебитантски филм „Племето“.

Полскиот кинематографер Ричард Ленчевски ја освои сребрената „Камера 300“, за филмот „Ида“. На Ленчевски ова му е трета награда која ја освојува на фестивалот, откако во 2001 освои златна, а во 2005 година бронзена „Камера 300“.

Бронзената „Камера 300“ му беше доделена на Ентони Тат Редклиф, кинематографер од Велика Британија, за филмот инспириран од конфликтот во Северна Ирска со наслов „71“.

Меѓународното стручно жири ја додели и традиционалната Мала златна „Камера 300“ за најдобар краткометражен филм. Оваа година наградата ја доби Константин М. Есадѕе од Грузија, за филмот „Динола“.

На последната фестивалска вечер, Друштвото на професионалните филмски работници на Република Македонија на режисерот Милчо Манчевски му ја додели наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“. Фестивалот беше затворен со премиерното прикажување на домашниот филм „Деца на сонцето“, на режисерот Антонио Митриќески.

Јубилејниот 35.ИФФК „Браќа Манаки“ ќе остане запаметен по гостувањето на тројцата оскаровци: славната француска актерка Жулиет Бинош и кинематограферите Крис Менџис и Лука Бигаци.

Фестивалот ќе го паметиме и по кавгата помеѓу директорката на „Браќа Манаки“ Лабина Митевска и режисерот Столе Попов која се случи на црвениот тепих, како и по скандалозната изјава на истиот режисер, кој на прес-конференција фестивалот го нарече „мала селска приредба“.

Токму филмот на Столе Попов „До балчак“, кој премиерно беше прикажан на годинешното издание на „Браќа Манаки“, ќе биде единствениот македонски кандидат за „Оскар“ во конкуренција на филмови од неанглиското говорно подрачје.

И уште нешто.

На фестивалот не се случи најавуваниот протест на битолските дуќанџии, кои се закануваа дека заедно со своите семејства ќе дојдат да протестираат пред Центарот за култура во Битола, заради неисплатената отштета од страна на продуцентската куќа „Триангл“. Нешто се случи, па најавениот протест не се одржа.

Но затоа пак синоќа пред црвениот фестивалски тепих се случи ненајавен мирен протест на битолската опозицијата.

Претседатели на битолските ограноци на опозициските партии, пратеници, членови на општинскиот Совет и други високи партиски функционери, со транспарент на кој пишуваше „Каков воздух дишат битолчани!?“, одржаа мирен протест пред битолскиот Центар за култура.

Според организаторите, протестот имал за цел да укаже на загадувањето на воздухот во Битола и околината и да ја поттикне свеста и совеста кај надлежните институции, власта на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Талески, сериозно да ги сфатат апелите за решавање на овој проблем за кој опозицијата се залага една година.

Видно расположена, екипата околу директорката на „Браќа Манаки“ Лабина Митевска, со аплаузи помина по црвениот тепих. На новинарско прашање дали тие некому аплаудирале, или пак ним некој им аплаудирал, покажувајќи со рака кон протестантите Митевска рече:

„Ние им аплаудиравме бидејќи, вика, „Битола сака чист воздух“, а и ние сакаме за Битола чист воздух. И за цела Македонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.