Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјата се движи во погрешна насока, велат граѓаните и ги повикуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во заедничка коалиција

0
By НОВА ТВ Balaban on June 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 8, 2022 12:55

Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30,0 отсто од граѓаните, а за една четвртина од нив (25,9 отсто) тоа е корупцијата и криминалот.

Владата не ги исполнила очекувањата на мнозинството граѓани.
Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.
Мнозинство од граѓаните (65,1 отсто) изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања.

Меѓу нив, побројни се етничките Македонци. Прашани за исполнување на очекувањата во конкретни подрачја, секој петти граѓанин рекол дека неговите очекувања не се исполнети во ниту едно подрачје.

Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата има најдобар резултат од позитивните и негативните мислења на граѓаните за тоа како функционерите си ја вршат работата. Зад него се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Фатмир Бесими, и за транспорт и врски Благој Бочварски, сите со ист резултат.
Повеќе од половината граѓани (58,7 отсто) сметаат дека им се влошил квалитетот на живот во последната година, за 29,0 отсто останал ист, додека за 10,7 отсто се подобрил.

Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30,0 отсто од граѓаните, а за една четвртина од нив (25,9 отсто) тоа е корупцијата и криминалот. Помал проблем за граѓаните е, како што покажа истражувањето, економската ситуација (13,9 отсто) и иселувањето на младите (13,5 отсто). Меѓутоа, граѓаните не се оптимисти кога е во прашање економијата на земјата. Повеќе од половината (55,1 отсто) сметаат дека економијата ќе се влоши во следните две години.

Нешто повеќе од половината (51,8 отсто) од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека за 16,8 отсто насоката е правилна. Мнозинство (61,7 отсто) се и оние кои сметаат дека во земјава нема политичката стабилност, за разлика од 35,2 отсто кои велат дека ја има.

Владата ужива доверба кај околу една третина од граѓаните, додека мнозинството (63,7 отсто) немаат доверба во неа. И покрај тоа, нема мнозински став за предвремени парламентарни избори.

Поделени се мислењата на граѓаните за тоа кој е најдобриот пат за земјата. За 36,3 отсто, потребни се предвремени парламентарни избори, додека за 30,4 отсто излезот е во целосната мобилизација за надминување на предизвиците и формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Верба дека сегашната влада има сила и способност да продолжи и успешно да ја води земјата имаат 23,3 отсто од испитаниците. (Р.Н.)

100 дена Влада анкета МЦМС погрешен правец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.