Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во првото јавно појавување на интервју по напуштањето на државната функција јавно проговори и за својата здравствена состојба, за која кон крајот на мандатот загрижи многу Германци. Имено таа на три пати во три недели во 2019 година, беше забележана како и се тресат рацете и целото тело, а моментумот таа не можела да го контролира бидејќи како што открива сега, бил предизвикан од емотивни причини.
Запрашана за тресењето, кое беше забележано при првата посета на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Меркел рече дека тоа е поврзано со смртта на нејзината мајка.
„Тоа беше поврзано со смртта на мајка ми, а потоа и со стравот повторно да не дојде во таква ситуација“,одговори Меркел искрено пренесувајќи го она што се чуваше во тајност додека беше на власт.
Запрашана како е во моментов, Меркел рече дека сега лично се чувствува одлично.
„Замислив малку поинакво време по мојот мандат, а 24 февруари беше вистинска пресвртница. Убаво е да се прават други работи откако доброволно ја напуштив функцијата. Се разбира, јас секогаш останувам политичко суштество – објасни таа.
Меркел истакна дека одлучила повторно да не оди на избори, бидејќи по 16 години на власт забележала дека понекогаш како повеќе да не е борбена како пред тоа.
„Тоа беше вистинско време за мене. Нормално е во демократија луѓето што се избираат да бидат обесправени. „Земјите каде што тоа не постои ми се сомнителни“, објасни поранешната германска канцеларка.