НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина ја одби идејата за деминирање на пристаништето во Одеса за извоз на жито

0
By Sashko on June 8, 2022 СВЕТ
Фото: world-grain.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина денеска објави дека нема да ја деминира областа на црноморското пристаниште Одеса за да овозможи извоз на житни култури, наведувајќи ја заканата од руски напади врз градот како причина за тоа.

„Во моментот кога ќе го ослободиме пристапот до пристаништето во Одеса, руската флота ќе биде таму“, рече портпаролот на регионалната администрација Сергеј Брачук.

Тој додаде дека Русија „сонува како падобрански трупи влегуваат во градот“ и дека московската армија „сака да ја нападне“ Одеса.

Министрите за надворешни работи на Турција и на Русија денеска разговараа во Анкара за организирање на безбедносен коридор за отпремување на украинско жито што е заглавено во пристаништата поради руската блокада.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да овозможи безбеден премин на украинското жито.

Брачук потенцира дека секој извоз од Одеса мора да биде во придружба на „земјите на НАТО“.

Турција ги понуди своите услуги за придружба на поморски конвои од украинските пристаништа.

Пред војната, Украина беше четврти најголем извозник на пченица во светот и обезбедуваше половина од светската трговија со сончогледови семки и масло.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела предупреди дека количеството жито блокирано од војната може да се зголеми тројно во рок од неколку месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.