Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска престојува во Анкара каде се сретна со колегата од Туркије, Мевљут Чавушоглу. По средбата беше одржана прес-конференција на која рускиот министер беше изнервиран од еден украински новинар.
Според Ројтерс, на Лавров му било поставено многу непријатно прашање.
НОВИНАР: Украинска телевизија. Јас се викам Муслиман Умеров. Имам прашање – што е украдено од Украина, освен пченица? А што успеа Русија да продаде?
ЛАВРОВ: Извинете? Кажи го тоа повторно.
НОВИНАР: Што е украдено од Украина, освен пченица, а што успеала да продаде Русија?
ЛАВРОВ: А вие зборувате за … Вие (Украинците) секогаш сте преокупирани со тоа што можете да украдете и мислите дека така мислат сите други! Ќе ти одговорам. Ги следиме целите што ги објавивме јавно: да ја исчистиме источна Украина од репресијата на неонацистичкиот режим. Тоа е она што го правиме. А пченицата, денеска објаснивме дека не може бесплатно да се транспортира до нејзините дестинации. Русија не создаде никакви пречки за тоа, треба (претседателот на Украина) Зеленски да издаде наредба. Ако тој сè уште се прашува за нешто таму. Тој треба да дозволи влез на странски и украински бродови во Црното Море. Ти благодарам многу, ја заврши Лавров по малку нервозната реакција на новинарското прашање на новинар на украинска телевизија.