Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпаролот на американската морнарица, без да сподели детали за несреќата или евентуални жртви.
Американската армија во исто време ги демантира информациите во некои медиуми дека урнатиот авион превезувал радиоактивен материјал.
„Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина на Гламис. Воени и цивилни спасувачки тимови се упатени на местото на несреќата. Авионот не превезувал радиоактивен материјал, како што можеше да се прочита на социјалните мрежи“, рече портпаролот на морнарицата на САД.
Воената база на морнарицата, која се наоѓа недалеку од местото на несреќата во Јума, Аризона, има голем број авиони MV-22 Osprey со вертикално полетување.
Војската на САД веќе имаше неколку несреќи со овој модел на авион, вклучително и на вежбата на НАТО во Норвешка во март, во која загинаа четири лица.