НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оштина Центар ги стопира градежните дејствија на сите 8 парцели од ДУП-Ј07 кој го опфаќа Капиштец и Водно

0
By Mirjana on June 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Центар стопира градежни дејствија на вкупно 8 парцели кои се дел од ДУП Ј07 кој го опфаќа локалитетот Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно до која нема пристапен пат, се наведува во општинското соопштение. 

На денешната редовна 11-та седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски побарал дополнување на дневниот ред со точка за стопирање на сите градежни дејствија во ДУП Ј07 за кои во изминатиот период имаше многу полемики и незадоволство од граѓаните на Водно.

„Со оваа одлука на денешната седница практично се стопираат сите градежни дејствија со што ниту едно дрво во тој потег од парк шумата Водно нема да биде исечено и таа ќе остане недопрена и заштитена од предвидените градежни активности“, изјави Герасимовски.

Стопираните градежни активности се однесуваат на парцела на која веќе се почнати градежни дејствија од инвеститорот Маркеза ДООЕЛ кој има добиено одобрение за градба. Покрај оваа, стопирани и други 7 кои се потенцијални плацови за градба. Во меѓувреме инвеститорот до општината има поднесено барање за изградба на пристапен пат до парцелите во должина од околу 130 метри поради што требаше да се сечат дел од дрвата на овој потег.

Општина Центар постапи по барањето за изградба на пристапниот пат, по што на терен излезе геодет кој утврди дека нагибот на просторот каде треба да биде изведен пристапниот е далеку поголем од законски пропишаниот, што значи дека нема услов за градење на пристапен пат согласно актуелиот закон. Согласно ова, во овој момент Општина Центар ги прекинува сите постапки за овој дел од планот.

„Повикувајќи се на извештајот од Секторот за уредување на градежно земјиште според кој е утврдено отстапување од наклонот, јас како градоначалник, нема да издавам одобренија за градење за овој простор и овие 8 парцели. Со ова се заштитува зелениот појас на Водно но и се почитуваат законските прописи. Јас неколкупати досега повторив дека нема да дозволам никакви отстапки од предвидените нормативи и стојам на зборот. Водно ќе остане какво што е и на овој потег и ниту едно дрво нема да биде исечено“, изјави Герасимовски.

градежни активности на 8 парцели на ДУП-Ј07 Општина Центар стопира
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.