На подрачјето на Зеничко-Добојскиот кантон се расчистува патната инфраструктура и се испумпува вода од деловни, училишни и станбени објекти, како последица на вчерашното невреме кое го зафати овој дел од регионот.
Во Тешањ е прогласена состојба на елементарна непогода.
– Утрово се одржа нова вонредна седница на Штабот за цивилна заштита, на која беа утврдени нови активности, во тек се акции за отстранување на последиците од елементарната непогода и воспоставување приоритетна комуникација, како и расчистување на зградите и јавните површини – соопшти Управата за цивилна заштита.
Се додава дека во општина Маглај, поради обилните врнежи од дожд, реката Бочиња се излеа во месните заедници Горња Бочиња и Раковац.
Реката набрзо се повлече, каде на локалниот пат останаа чакал и дрвја, а екипи на терен работат на чистење на патот, информираат локалните медиуми.
Патот е тешко прооден, неколку куќи се поплавени, пишува „Дневни Аваз“.
Од поплавата била зафатена и индустриската зона Буква, каде беа поплавени повеќе индустриски капацитети. Во споменатите месни заедници поплавени се повеќе станбени објекти.
Нема загинати или повредени, пишува весникот.