На заедничката прес конференција, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале и за проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Република Северна Македонија.
„ Се договоривме двете влади да продолжат да работат, а бугарската влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се случат за да се оди напред. Во оваа етапа на преговорите, кажавме дека ветото може да биде подигнато само ако Скопје даде гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство и ако ги вклучи Бугарите како еден од државотворните народи во својот Устав, изјави Петков.
Од своја страна, Олаф Шолц истакнал дека Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските проблеми но и дека заедно како Европјани се одговорни за стабилноста на Балканот.
„Бугарија силно го поддржува договорот за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената до крајот на француското претседателство. Заедно, Европејците се одговорни за стабилноста на Балканот. Наша задача е да не ги разочараме надежите. Припадноста кон Европа мобилизира многу демократски сили, додаде Шолц.
Според канцеларот , Северна Македонија мора да има сигурна европска перспектива но и дека мора да ги исполни сите услови.
„РСМ и Бугарија се подготвени да тргнат по овој пат. Постои големо општо разбирање за тоа како треба да функционираат работите. Проблемот е како да стигнете таму. Важно е да разговараме и да разговараме за овие прашања и да вложиме енергија во справувањето со овие прашања. Никогаш не се знае каков ќе биде исходот. Но, бидејќи сите парламенти и шефови на влади знаат дека се одговорни, верувам дека ќе напредуваме. Вреди секој труд, изјави Олаф Шолц.
Софија беше последната дестинација на дводневната балканска турнеја на германскиот канцелар Олаф Шолц во чии рамки ги посети Приштина, Белград, Солун и Скопје. (М.Т.)