Од утре ќе се дистрибуира и влегува во употреба новата банкнота од 10 евра соопштува Европската централна банка.
Новите банкноти се подобри во однос заштитата од фалсификување.На неа има воден жиг и холограм со портретот на Европа, личност од грчката митологија.
Бројот 10 кој е испечатен во смарагдно зелена боја, ќе ја менува бојата во темносина на промена на светлината и движење. Новите банкноти се очекува да траат подолго, како резултат на дополнителните заштитни облоги на хартијата.
Во иднина се очекува сите евро-банкноти да бидат заменети со нови и позаштитени во следните неколку години, со што би им се отежнала работата на фалсификаторите.