На лице место загинале 6 лица а и покрај брзата интервенција на Итната Помош и на пожарникарите, починале уште две лица.
Покрај жртвите има и повредени. Нивниот број, како што јавува Си-Ен-Ен Турк изнесувал најмалку 10 лица.
Како што се наведува, се судриле минибусот и цистерната за транспорт на млеко на автопатот, а минибусот бил на пат со свадбарите во градот Баликешир, додека цистерната со млеко доаѓала од спротивен правец.