Италијанските спасувачи денеска ги лоцираа телата на седум лица, меѓу кои четворица турски и двајца либански бизнисмени, кои загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во шумска, планинска област во Италија за време на невреме, соопштија властите.
Полковникот Алфонсо Ципријано, кој ја предводи единицата за координација за спасување, која ја водеше потрагата од четвртокот, рече дека спасувачите биле донесени на местото на несреќата откако човек кој трчал во планините пријавил дека видел нешто што мислел дека е дел од оштетениот хеликоптер за време на престојот утринава на Планината Кусна, пренесе Асошиејтеде Прес.
Хеликоптерот полетал од градот Лука во Тоскана во четвртокот и бил на пат кон северниот град Тревизо кога исчезнал од радарот, откако наишол на лоши временски услови над ридско шумско подрачје.