Перуанската полиција заплени 2,2 тони кокаин, кој по морски пат требало да биде пренесен во Холандија.
Дрогата била скриена во конзерви со аспарагус. Уапсени се седум Перуанци, а по двајца Албанци биле распишани потерници, објави Еј Би Си њуз.
Шефот на Управата за борба против дрога, Цезар Ечеварија, рече дека организацијата за шверц на дрога ја воделе двајца албански државјани.