Полициски службеници од полициската станица на граничен премин „Богородица“ вчера ги привеле Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово поради криумчарење на мигранти.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед во возилото „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.
Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
„Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.