Бугарија е поважна од задкулисните интереси на група луѓе кои веројатно владеат со нашиот лидер. Со голема тага ќе ja напуштам „Има таков народ“ (ИТН), бидејќи во последните две години ја вложив сета моја енергија, сила, волја и значителни средства за да ги изградам структурите на оваа партија. Мафијата влегува во ИТН, изјави министерот за спорт во оставка, Радостин Василев попладнево на прес-конференција во Софија, пренесува бгнес.бг.
Василев на прес-конференцијата беше со останатите пет свои колеги од ИТН, кои, исто така, ќе ја напуштат пратеничката група и партијата. Тоа се професорот Николај Радулов, адвокатот Иво Атанасов, инженерот Георги Георгиев, Дејан Петков, општински координатор на Плевен, Светлин Стојанов, регионален координатор на Русе.
„Однесувањето на Трифонов, како единствен сопственик, доведоа до самопонижување на партијата, а неговите неодамнешни постапки доведоа и до понижување на земјата. Одлуката на Трифонов за повлекување на министрите не е координирана со никого. Вчера двапати излажа дека ова е споделено со П.Г.“, коментира Василев.
„Се соочив со мафијата. Во ноември станав министер што за мене беше необјасниво. Измамив ужасно многу луѓе. Го напуштив семејството, речиси ја уништив мојата адвокатска пракса за каузата, го бранев Слави Трифонов насекаде. Направив крстоносна војна во последните шест месеци против спортската мафија и Слави Трифонов ме фрли против оние луѓе кои не сака ни да ги знае“, вели Василев.
„Сега ќе бидеме предавници затоа што сме купени. „Го повикувам Тошко Јорданов да каже дали добиваат финансиски поволности во врска со обврските кон структури од Министерството за регионален развој и јавни работи. Впрочем, поради ова министерство државата паѓа“, додаде Василев.
Ниту Слави Трифонов, нагласи тој, не може да ги прекршува принципите на ИТН.
„Изминативе денови бевме под голем притисок. Слави Трифонов никогаш не го интересирало мислењето на гласачите, на неговите пратеници. Не ги познава, познава петмина. Веќе две години не е дојден да ја види канцеларијата во родниот Плеве. ИТН е деловен проект, а не парламентарен проект. За да украде некои средства од некои фирми, Трифонов повлече министри. РСМ е измислена причина што се користи за оваа пригода“, нагласи Василев.
Не можам повеќе да бидам од оваа структура поради лидерот на партијата и неговиот круг на луѓе. Не сум си дозволил да украдам ништо од некого во последните шест месеци. Ништо не сакав, продолжувам да бидам свој, може да ме малтретираат и тероризираат, но никој не може да ме купи“, додаде Василев.