НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавниот долг е намален за 2,2 процентни поена и сега е 54,9 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии

0
By Sashko on June 13, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: bankometar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавниот долг е намален за 2,2 процентни поена и заклучно првиот квартал од 2022 година, според денеска објавените податоци, изнесува 54,9 отсто од БДП. Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и понизок е за 1,9 процентни поени, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Оттаму наведуваат дека дополнителното намалување на јавниот долг е потврда за добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии, особено што тоа е евидентирано во период на криза.

Фискалната политика останува на определбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

„Клучни елементи на фискална политика во наредниот период се редизајнирањето и подобрената структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и етапната фискална консолидација. Буџетскиот дефицит во 2020 година изнесуваше 8,2 отсто од БДП, а во 2021 година е 5,4 отсто од БДП. Годинава продолжува тој тренд на намалување. Во првите четири месеци, односно јануари-април 2022 година остварен е за 44 отсто помал дефицит во однос на тој период минатата година“, велат од министерство за финансии.

Министерството за оваа година проектира дефицит од 5,3 отсто од БДП, 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3 отсто во 2026 година и 2,8 проценти во 2027 година.

Истовремено од МФ истакнаат дека остануваат на определбата за натамошно намалување на јавниот долг и негово спуштање под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП. Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, на среден рок, според министерството до 2027 година јавниот долг ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,6 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,2 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.